Синопсис
Опасните улици на Хонг Конг: шефот на кујна, Французин, кој крие ужасна тајна, дознава дека му ја нападнале ќерката, а нејзиниот сопруг и децата безмилосно ги убиле. Не му преостанува ништо освен да ги земе работите во свои раце. Единствена надеж му се најопасните мафијашки убијци во Хонг Конг - кога се ангажирани за убиство, подготвени се да направат вистинско крвопролевање за одмазда, на најсуров можен начин. Режијата е на култниот филмски маестро и жива легенда на хонкошката кинематографија, режисерот Џони То, кој заслужи меѓународно признание благодарејќи на своите незапирливи и непоколебливи трилери. Сценариото го потпишува неговиот постојан соработник Ка Фаи-Ваи, а главните улоги ги толкуваат Џони Холидеј, Ентони Вонг Чау-Санг, Ка Тунг Лам и Сует Лам. „Одмазда“ е уште едно ремек дело на Џони То што го разгорува огнот на модерната акциска кинематографија.