Синопсис
Филмот претставува искрена исповед на норвешката дива Лив Улман за нејзиниот однос со шведскиот великан Ингмар Бергман, со кого кратко време била во брак. До крајот на животот, Ингмар останал нејзин најблизок пријател. Проткаен со многу топлина и нежност, не навлегувајќи во патетика, овој вешто избалансиран филм го нагласува прашањето колку приватниот и професионалниот живот може да влијае на конечниот резултат, а гледано во целина, тој зборува за самите Лив и Ингмар, многу повеќе од сите негови филмови заедно.