Синопсис
Во Лос Анџелес опседнат со слава, група тинејџери нѐ носат на возбудлив, но вознемирувачки криминален поход по холивудските брда. Филмот е снимен според вистинита приказна за група млади опседнати со гламурозен живот и со познати личности. Тие ги следат своите идни жртви преку интернет и од нивните домови крадат луксузни предмети во вредност од над три милиони долари. Жртви меѓу другите се Парис Хилтон и Орландо Блум, а групата станала позната како бандата Блин Ринг. Оскаровката Софија Копола нѐ носи во светот на овие млади луѓе кои потпаѓаат под искушенијата кои им се наметнуваат на денешните тинејџери. Тоа што започнува како младешка забава излегува од контрола и фрла отрезнувачки поглед на современата култура.