Синопсис
Кога полицијата замижува пред киднапирањето на неговата ќерка Тоби, вредниот татко Џек Бишоп е принуден да ги преземе работите во свои раце. Во овој напнат трилер секој има свои тајни и ништо не е како што изгледа.
Џек Бишоп има речиси совршен живот во пограничниот град Дел Рио. Стабилна работа, прекрасна сопруга и 12-годишна ќерка која игра во фудбалскиот тим во кој тој е тренер по работното време. По долгиот ден на работа, Џек доцни на тренинг и сфаќа дека Тоби ја нема. Утрото се скарале, па тој е сигурен дека таа само се крие. Но, бидејќи наоѓа само некои од нејзините работи, тој решава да оди во полиција која започнува потрага по Тоби, но без никаква трага тоа изгледа речиси невозможно. Локалната полиција, дури и откако се вклучуваат агентите на ФБИ, не е на висина на задачата, па Џек ги презема работите во свои раце…