Синопсис
Платениот убиец (Силвестер Сталоне) се здружува со младиот детектив (Санг Канг) во напнатата истрага со големи влогови, којашто ги води од валканите споредни улици, па сè до врвот на власта во Њу Орлеанс. Чудната двојка, која ја спојуваат две сурови убиства, уништува сè што ќе ѝ застане на патот и е подготвена да оди до крај за да се одмазди.