Синопсис
Огромен астероид јури кон Земјата и деновите на луѓето им се одброени. Пред распаѓањето на светот, се распаѓа и бракот на осигурителниот агент Доџ (Стив Карел) кого сопругата го напушта во паника штом ќе чуе дека на Земјата ѝ преостанува уште 21 ден. Доџ живее според правилата, но неговата сосетка Пени (Кира Најтли) сигурно не. Додека сите луѓе на свој начин се соочуваат со крајот на светот, Доџ одбива да им се приклучи на лудориите на пријателите, а Пени се фокусира на проблемите во врската со себичниот музичар. Во еден момент Пени му предава на Доџ загубено писмо - со закаснување. Тоа е писмо од љубовта на неговиот живот Оливија и тоа можело да му го промени животот. Доџ сфаќа дека мора да ја пронајде пред да биде доцна, а Пени решава последните денови да ги мине со семејството во Англија. Доџ ѝ ветува дека ќе ѝ помогне под услов двајцата да патуваат со нејзиниот автомобил, па тие бегаат од хаотичниот град. Додека судбината на светот е сѐ помрачна, нивните судбини стануваат сѐ посветли.