Синопсис
Храбра и жестока комедија за круг блиски пријатели во моментот на животот кога доаѓаат децата и сѐ се менува. Последните двајца преостанати самци во групата, Џули и Џејсон, се долгогодишни најдобри пријатели. Тие ги набљудуваат главно негативните последици кои ги имаат децата врз односите на нивните пријатели, па се запрашуваат дали постои подобар начин. Решаваат заедно да направат дете, а во љубовниот живот да бараат други личности.
Многу смеа и неочекувани вистини за чувствата произлегуваат од овој необичен експеримент кој ги поттикнува сите во друштвото да ја преиспитаат природата на пријателствата, семејството, и на крајот, на љубовта.