Синопсис
Британска комедија за созревањето, врз основа на серијата „Ни таму ни ваму“. Филмот ги покажува авантурите на една група тинејџери кои се на одмор во Крит по завршувањето на последната училишна година во која се заедно. Придружете им се на Вил, Сајмон, Џеј и Нил кога одат на ментален одмор во Малија, во потрага по пиење и секс. Тоа е дива недела што сигурно нема никогаш да ја заборават доколку утрината би можеле да се сетат што им се случувало. Тие не се на училиште, не се во својата земја и не се во својата лига.