Синопсис
На 22 септември 2011 година, Адел настапи во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон. Тоа беше остварување на нејзиниот сон и круна на рекордната 2011 година со албумот „21“. И покрај проблемите по операцијата на грлото, Адел се врати на наградите „Греми“ во 2012 каде што доби дури 6 награди, вклучително и за рекорд на годината за „ Rolling in the Deep“ и за албум на годината за „21“. Секоја песна која ја има издадено од албумот, има дојдено до број 1 во САД, а во моментот таа е врвот на британските уметници кои ја освојуваат Америка. Таа доживеа и голем успех дома, добивајќи четири награди на свеченоста Британски музички награди, вклучително и за најдобра британска соло-артистка, како и за најдобар британски албум. „21“ се продаде во над 4 милиони примероци во Обединетото Кралство, повеќе од „Dark Side of the Moon'“ на Пинк Флоид и „Bad“ на Мајкл Џексон, со што стана седмиот најпродаван албум во државата. Овој концерт, во режија на Пол Дагдејл, претставува спој на нејзините хит-албуми „19“ и „21“.