Синопсис
„Елитни убијци“ го следи поранешниот специјалец, кој се враќа од пензија за да го најде својот исчезнат ментор. Но мисијата нема да биде лесна бидејќи еден искусен убиец испраќа тројца атентатори за да го убијат силниот агент.
Филмот „Елитни убијци“ е заснован на шокантната вистинита приказна за најелитните оперативци на светот, Дени, кој е поранешен специјалец (Џејсон Статам) и Хантер, неговиот долгогодишен ментор (Роберт Де Ниро). Тие му се спротивставуваат на водачот на едно тајно милитаристичко здружение (Клајв Овен). Патувајќи низ светот, од Австралија до Париз и од Лондон до Блискиот Исток, Дени и Хантер се вовлечени во многу опасна игра на мачка и глушец, каде што ловците стануваат плен.