Синопсис
Ден (Кристофер Мастерсон) има проблем. Тој е три месеци во брак со убавата Марси (Бижу Филипс), но тие сè уште не го консумирале својот брак. Кога шефицата на Ден, Кетрин (Лорен Герман), која е опседната со секс, му се пушта при една маратонска работна сесија, тој подлегнува на искушението. Тој веднаш се кае за својата постапка, но не е во можност едноставно да го признае тоа, па смислува план заедно со својот пријател, Мајк (Сем Левин) за да ја натераат и Марси да спие со друг маж. Тој и Мајк сметаат дека ако Ден не е единствениот кој мамел, тогаш Марси не би требало да му се лути за неговата постапка. Но, планирањето е една работа, а наоѓањето на маж кој би го исполнил нивниот план е сосема поинаков предизвик. Подоцна, кога планот конечно почнува да се исполнува, Ден ја открива вистината зошто Марси сè уште не спиела со него, па сфаќа дека тие можеби се совршен пар и покрај сè.