Синопсис
Филмот „Депонија“ е сниман во период од три години и го прикажува познатиот уметник, Вик Муниз, додека патува од својот дом во Бруклин кон својот роден Бразил, како и најголемата депонија на светот, „Жардим Грамахо“, сместена на излезот на Рио де Жанеиро. Тука тој фотографира една чудна дружина „катадори“, самопрогласени собирачи на материјали за рециклирање. Првичната цел на Муниз беше да ги „обои“ катадорите со отпадоци. Сепак, неговата соработка со овие инспиративни ликови додека тие создаваат фотографски слики од самите себе ги прикажува и достоинството и очајот на катадорите кога тие почнуваат да си ги претставуваат своите животи.
Режисерката Луси Вокер („Игралиште на ѓаволот“, „Ослепена“ и „Одбројување до нула“) и ко-режисерите Жоао Жардим и Карен Харли имаа голем увид во целиот процес и на крајот понудија потресен доказ за трансформирачката моќ на уметноста, како и за алхемијата на човечкиот дух.