Синопсис
Благодарејќи на лажните снимки на забите со кои ја уверил полицијата дека е мртов, некогашниот платен убиец Џими Лалето (Б. Вилис) живее повлечен живот во Мексико со сопругата Џил (А. Пит), ги храни кокошките и се занимава со куќни работи. Сепак се чини дека не успеал да ги измами сите, зашто еден ден на вратата му се појавува поранешниот сосед од Лос Анџелес, збунетиот забар Оз (М. Пери), кој му помогнал во фалсификување на податоците. Оз му соопштува дека сопругата му ја грабнале криминалци предводени од Лазло (К. Полак), озлогласен шеф на подземјето, кој веројатно сака да стигне до Џими за да му се одмазди за некои поранешни нерасчистени сметки. Филмот е урнебесен продолжеток на комедијата од 2000 година со истата актерска екипа.