Синопсис
Пред 40 години, Хериет Венгер исчезна на островот на кланот Венгер. Телото не ѝ е најдено, а вујко ѝ мисли дека е убиена од член на семејството. За истрагата ги најмува новинарот Микаел Бломквист и тетовираната хакерка, Лизабет Саландер.
ДЕВОЈКАТА СО ИСТЕТОВИРАН ЗМЕЈ е првиот дел на трилогијата романи од покојниот шведски писател, Стиг Ларсон, кој има станато светски писателски феномен. Филмската верзија на режисерот Нилс Арден Опли, со заработувачка од 100 милиони долари е европски филм со најголема заработувачка во 2009. Последователното европско издавање на филмските верзии на другите книги од трилогијата – ДЕВОЈКАТА КОЈА СИ ИГРАШЕ СО ОГАН и ДЕВОЈКАТА КОЈА ГО ШУТИРАШЕ ГНЕЗДОТО СТРШЕНИ – го зголемија успехот на франшизата. Пред четириесет години, Хериет Венгер исчезна од еден семеен собир на островот кој е во сопственост и на кој живее моќниот клан Венгер. Нејзиното тело никогаш не беше најдено, а сепак нејзиниот сакан вујко е убеден дека се работи за убиство и дека убиецот е член на неговото потесно, нефункционално семејство. Тој ги најмува посрамениот новинар за финансиски прашања, Микаел Бломквист (Мајкл Најквист) и тетовираната и бунтовна, но корисна компјутерска хакерка, Лизабет Саландер (Нуми Рипејс) за да истражат. Кога тие двајца го поврзуваат исчезнувањето на Хериет со повеќе гротескни убиства од пред речиси четириесет години, тие почнуваат да откриваат една мрачна и ужасна семејна историја. Но, кланот Венгер е нервозен и Бломквист и Саландер тукушто ќе дознаат колку далеку е подготвен кланот да оди за да се заштити себеси.