Синопсис
Католичката црква се бори против глобалниот пораст на опседнатост со демони и отвора школа за обука на свештениците кои ќе спроведуваат обреди на егзорцизам. На ова духовно бојно поле се појавува необичен воин - младата монахиња, сестрата Ен. Иако на монахињите им е забрането да изведуваат егзорцизам, професорот ја препознава нејзината дарба и се согласува да ја обучува. Со поддршка на менторот, таа добива дозвола да следи вистински случаи во пракса. Кога ќе се сретне со еден од најтешките случаи, нејзината желба и волја за докажување спласнува. Во текот на тие мачни средби, сестра Ен се среќава лице в лице со демонската сила којашто има таинствена поврзаност со нејзиното минато. Тогаш во целост се разоткриваат моќта на злото и фасцинантната способност на сестра Ен.
Рецензии
![](https://cdn-0.tvprofil.com/cdn/195x220/0/img/user_portret.png)