Синопсис
Добитникот на „Оскар“, Николас Кејџ („Национално богатство“, „Јавач на духови“) и Рон Перлман („Пеколко“, „Пеколко 2“, „Синови на анархијата“) играат во оваа натприродна акциона авантура за херојскиот крстоносец и неговиот најблизок пријател, кои се враќаат дома по децении минати во борба, дознавајќи дека нивниот свет е уништен од Чумата. Црковните великодостојници кои се убедени дека една девојка обвинета дека е вештерка, навистина е одговорна за уништувањето, им наредуваат на двајцата да ја пренесат чудната девојка до еден далечен манастир каде калуѓерите ќе изведат прастар ритуал за да ја ослободат земјата од нејзиното проклетство. Тие тргнуваат на тешко патување преполно со акција, во кое ќе се тестира нивната сила и храброст додека ја откриваат мрачната тајна на девојката и почнуваат да се борат со ужасно моќна сила која ќе ја реши судбината на светот.