Синопсис
Виржини Ледоајен и Педи Консидин играат млад брачен пар кон крајот на 70-тите. Тие одат да го посетат стариот пријател (Гери Олдман) кој сега живее во Баскија, бидејќи се оженил со жена која е од таа област (Ајтана Санчез-Хихон). Нивното тивко лето се претвора во хорор кога во шумата ќе најдат девојка чии раце се ужасно унаказени. Се обидуваат да ѝ помогнат и да ја изнесат од куќата во која е заклучена. Но, селаните тргнуваат во потера низ шумата која ја познаваат многу подобро од посетителите.