Синопсис
Една фармацевтска компанија организира гала прием каде сите вработени и од раководството и од пониските структури се поканети.
Од нив се бара да учествуваат во една игра со улоги која е всушност масовна симулација за обука на менаџерскиот тим, па почнуваат да кружат гласини дека компанијата можеби ќе биде продадена и секој почнува да размислува како да си ја спаси сопствената кожа. 1, Гласините за масовни отпуштања ги претвораат пријателите во ривали во оваа мрачна комедија од деби режисерот, Матијас Гокалп. Една голема фармацевтска компанија одржува посебна конференција во еден музеј, каде членовите на менаџерскиот тим треба да научат нови методи за решавање проблеми и тимска работа. Сепак, некои од вработените мислат дека можеби има други причини за состанокот, па почнува да се шири гласина дека претседателот на компанијата, Филипе Милер (Паскал Грегори) ќе ја продава компанијата и дека планира да отпушти триесет директори за да ја направи попривлечна за потенцијалните купувачи. Наташа (Мелани Доти) е една од првите која слуша за предложеното отпуштање и излегува дека таа не е многу добра за чување тајна; за кусо време, сите слушаат за она што можеби ќе се случи, а сите од вработените на Милер сакаат да се покажат колку се вредни, додека весело им забиваат нож во грб на своите колеги. Во исто време, Бергерат (Денис Подалидс), претставник на синдикатот на вработени, слуша некои лоши приказни за тоа како Милер се однесува кон своите вработени од Бруно (Жан Пјер Дарусин), само што Бергерат не сфаќа дека Бруно всушност не работи за Милер. „Ништо лично“ ја имаше својата американска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго, во 2009 година. 2, Предјадењата се поставени, гудачкиот квартет свири, а шампањот се точи. Фармацевтската компанија, „Милер“ организира банкет, но кога се шири една гласина за неизбежно купување на компанијата и за отпуштања, наеднаш сето тоа се претвора во борба за преживување на најсилните... Итро направен и со мрачна комичност, „Ништо лично“ дава свеж поглед на конкурентната природа на корпоративните – и човечки - односи.