Синопсис
Нинџа трилер снимен според јапонската народна легенда слична на приказната за Робин Худ. Ги следиме подвизите на Гоемон Ишикав кој го напушта својот борбен клан по убиството на неговиот водач. Тој ги користи своите вештини на крадец за да им помогне на сиромашните. Но, откако го дознава идентитетот на убиецот на неговиот водач - предавникот Хидејоши - Гоемон тргнува по крвавиот пат на одмаздата на кој му се придружува и верниот пријател Саизо.