Почина Трајче Ивановски, доајенот на прилепскиот и македонскиот театар
По кратко боледување, денеска почина доајенот на прилепскиот и на македонскиот театар, актерот Трајче Иваноски.
Тој е актер кој спаѓа во најангажираните творци на прилепскиот театар. Заиграл во 1965 година на сцената на Прилепскиот театар, а во пензија е од 2007 година. И во пензионерските денови активно учествува во тековниот репертоар на прилепскиот театар. Иваноски бележи 40-годишно активно искуство на сцената со приближно одиграни 300 претстави. Има добиено престижни награди.