Денеска почнува филмската програма во новата година на Кинотека
„Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“ се трите наслови со кои Кинотеката ја започнува филмската програма во 2023 година.Од Кинотека информираат дека „Кајмак“ на Милчо Манчевски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески имале одличен одѕив кај публиката, па практично на барање на филмофилите овие два наслови одново се на филмската програма на кинотеката.