Словенско младинско гледалишче денеска на МОТ со 10-часовна претстава
По синоќешното отворање на 44. Млад отворен театар, на фестивалската програма денеска е необичен проект за театарската публика – претстава што трае десет и пол часа. Екипа од 13 актери на Словенско младинско гледалишче, меѓу кои е и режисерот на проектот Томи Јанежич, од 11 претпладне до околу 21,30 часот вечер на сцената во Младинскиот културен центар ќе ја изведат претставата „Сѐ уште без наслов".