Македонската Асоцијација на кинематографери на Фестивалот БалКам во Љубљана
На иницијатива на Словенечката и Македонската aсоцијација на кинематографери, од 18 до 20 јануари во Кинотека на Словенија во Љубљана, се одржува третото издание на Фестивалот БалКам (Балканска камера), на кој се прикажуваат филмови од поранешните југословенски републики со акцент на кинематограферската работа и кинематограферите како автори.