Најдобриот актерски пар ќе ја игра „Ожени ме“ на 17 октомври во КИЦ во Скопје
Театарската претстава „Ожени ме“ во режија на Роберт Ристов на 17 октомври во 20 часот ќе се игра во Културно информативен центар – Скопје, Салон 19:19. Во претставата играат Изабела Јакимова и Бранко Атанасов, а драматизацијата е работена по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме", „Заедништво", „Храна и љубов" и „Брачна приказна". Времетраењето на претставата е 60 минути. Актерите од оваа претстава се прогласени со наградата најдобар актерски пар на Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев" - Неготино.