Британскиот кинематографер Роџер Дикинс добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело
Британскиот оскаровец Роџер Дикинс, кинематографер на култни филмови како „Бегство од Шошенк", „Фарго", „Човекот кој не беше таму", „Нема земја за стари луѓе"... и познат по соработката со браќата Коен, е лауреатот на „Златна камера 300" за животно дело на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" кој од 22-ри до 29 септември ќе се одржува во Битола.