Велес по 20 години пак со кино
По речиси две децении велешани повторно ќе добијат кино со најсофистицирана опрема за прикажување дигитално кино, а ќе биде сместено во салата „Бели мугри“ на локалната библиотека, односно во склоп на Младинскиот креативен центар, кој тука ќе профинкционира до крајот на февруари или почетокот на март.