Ноемвриска програма во Кинотека: Публиката секогаш ги бира филмовите
Филмот Тома на Драган Бјелогрлиќ, динамична сторија за животот и доживувањата на легендарниот пејач Тома Здравковиќ, како секој вистински филмски хит на Балканот, веќе исфрли неколку реплики кои стекнуваат култен статус со неверојатна брзина. Една од нив гласи „Ти не ја бираш публиката, публиката те бира тебе!“, изречена од пејачката Силвана Арменулиќ, наменета за нејзиниот колега Тома. Филмот Тома е на почетокот на ноемвриската програма во Кинотеката.