Филмот како наставно средство, „Филмска училница“ во Кинотека
Во Кинотека се одржа втората сесија од втората сезона на проектот „Филмска училница“. Едукативниот проект е поддржан од Министерството за култура, а вклучува десетина средношколци кои низ различни едукативни содржини и интерактивно-креативно учење во период од десет недели се запознаваат со националното аудио-визуелно културно наследство.