Животот му беше театар, а театарот живот - комеморација за актерот Марин Бабиќ
Со аудио снимка на која покојниот Марин Бабиќ рецитира поезија и видеозаписи од неговите драмски претстави и филмски и телевизиски остварувања денеска во Драмски театар започна комеморативната седница за познатиот актер и творец на манифестацијата „Глумците пеат" кој по кратко и тешко боледување почина на 15 октомври во Скопје на 74-годишна возраст.