Почина актерката Катерина Крстева
Веста за смртта на Крстева ја потврди нејзината матична куќа, Македонскиот народен театар (МНТ). Крстева ќе остане запаметена по многуборјните улоги во театарот но и на филмското платно но помеѓу народот најмногу ќе се памети како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене". Крстена ќе биде погребана денеска на градските гробишта во Бутел, Скопје. Информацијата во врска со комеморацијата за актерката Катерина Крстева ќе биде дополнително објавена, соопштија од МНТ.