„Влеговме на проба во театарот, а бевме изнесени со лисици“
Двајца актери вчера попладне биле приведени во полициска станица Гостивар по пријава дека ги попречувале активностите на гостиварскиот театар. Актерите сметаат дека се неправедно отстранети од претставата и за тоа не добиле образложение.