Се помал број на посетители во театрите и Филхармонијата
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2017/2018 година, вкупниот број прикажани претстави во професионалните театри е намален за 13,7 отсто, а бројот на посетителите е намален за 2,2 отсто во однос на периодот 2016/2017 година. Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 210.