Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Каде се парите од Агенцијата за филм за монографијата за ИФФК „Браќа Манаки“?
Македонските филмски институции се во служба на злоупотреба на буџетски средства преку користење на инструментот „авторски хонорари“. Дали станува збор за искеширани „филмски интелектуални услуги“ за нереализирани проекти, прашуваат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ во постот објавен на Фејсбук.