По светската премиера на „Кајмак“, мастерклас на Манчевски во Токио
По светската премиера на „Кајмак“ и трите распродадени проекции на Токискиот фестивал, режисерот Милчо Манчевски е во центарот на збиднувањата во Токио. Тој одржа мастерклас кој имаше голем одглас кај публиката. Најголемото стручно списание „Варајати“ објави голем текст посветен на предавањето.