Започнува фестивалот на Албански театар

петок, 24 јуни 2022 07:32

Во Центарот за култура во Дебар, од денеска до 30 јуни ќе се одржи 21-то издание на фестивалот „Албански театар". Директорот на Фестивалот Илбер Нуредини информира дека ова издание ќе го отвори Албански театар Скопје со претставата „Мурлин Мурло" на текст на Николај Кољада, во режија Кристина Димитрова. Следните денови ќе настапат театарот „Ултра" од Куманово, со претставата „Лекување", гостиварскиот театар со „Вес Вес", Националниот ЕТ „Кујтим Спахивогли" од Тирана, Националниот театар од Приштина, како и актери од Театарот за деца и млади од Скопје.

Повеќе

Извор на новости

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.