Стартува десеттото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија"

среда, 5 октомври 2022 13:03

Повеќе од 500 ученици од Македонија и од шест европски земји ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе следат креативни работилници, ќе се сретнат успешни уметници, ќе ги запознаат културата и традициите на своите другарчиња од странство од денеска до 10 октомври во Скопје на 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија". Фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на филмот „Итало" на режисерката Алесија Скарсо, вечерва во 19 часот во киното „Милениум". Приказната за нежното и трогателно пријателство помеѓу едно осамено момче и едно куче, кое е пример за човечност, ќе биде бесплатно достапна за публиката.

Повеќе

Извор на новости

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.