По девет години Унковски се враќа во МНТ со „Сите сме птици"
Слободан Унковски со режија на претставата „Сите сме птици", по текст на либанско-канадскиот автор Важди Муавад, се враќа во МНТ, соопштија од оваа национална установа. „Најновиот проект и соработка со Унковски сите го очекувавме веќе подолг период, кој по девет години од последната негова претстава, повторно режира во МНТ", велат од установата. Премиерата на претставата „Сите сме птици" се очекува со почетокот на новата театарска сезона.