Недела на детски филмови во киното „Манаки“ во Битола
Пет филмови за деца и млади од поновата европска продукција од денеска ќе се прикажуваат во киното „Манаки" во Битола во рамките на „Неделата на детски филмови". Програмата почнува денеска во 11 часот со проекција на филмот „Неверојатната приказна за џиновската круша", синхронизиран на македонски јазик и продолжува до 8 јули со секојдневни проекции.