„Моето име е Горан Стефановски" на 67-то „Стеријино позорје" во Нови Сад

четврток, 26 мај 2022 12:22

Драмски театар Скопје, со претставата „Се викам Горан Стефановски" во режија на Бранислав Миќуновиќ, ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје" во Нови Сад. По повеќегодишна пауза Драмски театар – Скопје се враќа на сцената на Српско народно позориште во Нови Сад со изведба на претставата во меѓународната програма „Кругови". „Се викам Горан Стефановски" ќе биде изведена в недела на 29. мај. Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Повеќе

Извор на новости

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.