Културата во стегите на пандемијата, поради ковид - позитивни актери Битопскиот театар не отпатува за Србија
Ансамблот на НУ „Народен театар“ од Битола вечер нема да настапи на „Игорови денови – Омаж за Игор Вук Торбица" во Белград, ниту утревечер во Српскиот народен театар (Српско народно позориште) во Нови Сад, а претставата „Бакхи-краток преглед на распадот" е откажана. Актуелната ковид пандемија, влошената епидемиолошка состојба во соседна Србија и изолацијата на двајца битолски актери влијаеја менаџментот на битолскиот театар да донесе одлука со која се одлага гостувањето на сцените во Белград и Нови Сад.