Доделени 5 награди, заврши „МакеДокс 9“

петок, 24 август 2018 06:46

Со доделувањето на наградите за најдобрите филмови во пет категории синоќа заврши деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс". Годинава фестивалот имаше рекордна посетеност, траеше најдолго од сите досегашни изданија (8 дена), прикажа 71 документарен филм, дојдоа повеќе од 50 гости, се одржаа три работилници и една панел-дискусија. Фестивалските активности се случуваа во Куршумли-ан, на платото пред Музеј на Македонија и во Музејот на современата уметност. Земја во фокус беше Полска.

Повеќе

Извор на новости

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.