сезона: 3
епизода: 1 - Slowly Slowly Catchy Monkey
Содржина
Третата сезона на наградуваната драма ја продолжува приказната за двете жени со брутално минато, опседнати една со друга, но сега тие се обидуваат да ги живеат своите животи одвоено. За Виљанел (Џоди Комер), платен убиец без работа, Ева е мртва. Ева (Сандра Ох), бивша оперативка на МИ6 која се крие на виделина, смета дека Виљанел никогаш нема да ја најде. Тоа изгледа така сè додека една шокантна и лична смрт не ги придвижи повторно во правец на меѓусебен судир. Патувањето една кон друга, и двете ќе го платат со губење на пријателите, семејството и приврзаноста, а можеби и дел од нивните души.