сезона: 1
Содржина
Овој филм ни го прикажува семејството Лајонс од Манчестер. Даниел ќе се мажи за Ралф. Стивен и Селест се загрижени за своите деца. Рози брка ново момче. Едит не се вратила дома со години. Главна на сите им е бабата Муриел. Но, кога нивните животи се спојуваат во една клучна вечер во 2019 година, приказната нѐ носи во иднината, прикажувајќи ни ги животите на Лајонсови во следните 15 години. А тоа е баш возбудлив свет! Сѐ од што се плашиме и сѐ на што се надеваме се случува околу ова семејство. Општеството станува пожешко, побрзо, полудо, со бурен политички живот, технологија и војни кои секојдневно влијаат врз семејството Лајонс. Лајонсови мораат да се справуваат и со своите секојдневни надежи и стравови, знаејќи дека ниту едно обично семејство не може да го смени светот. Или може?