сезона: 1
епизода: 3 - THE RANKLESS INITIATIVE
Содржина
„Криптон се одвива во времето на две генерации пред уништувањето на родната планета на Супермен и го следи Сег-Ел, легендарниот дедо на Супермен, чија династија била отфрлена и посрамена. Кога водството на Криптон е во хаос, Сег-Ел го среќава временскиот патник Адам Стрејнџ, кој предупредува дека се трка со времето за да го спаси својот свет од хаос. Борејќи се да ја спаси својата семејна чест и да ги заштити тие што ги сака, Сег исто така добива задача да ја заштити иднината на своето наследство, судбина поради која ќе се роди наголемиот суперхерој на сите времиња.
Првата сезона на „Криптон го следи растењето на Сег, заробен во живот без иднина и надеж, кога станува легендарниот херој според ликот на својот дедо. Сег тргнува во акција по пристигнувањето на Адам Стрејнџ, кој допатувал од Земјата во сегашно време за да го предупреди Сег за заверата за менување на минатото и за да го спречи раѓањето на последниот син на Криптон, завера за која верува дека е оркестрирана од супернегативецот Брејнијак.
Еп. 3
За време на хаотичната пресметка со Црна Нула, Сег и Адам се обидуваат да го најдат извидникот на Брејнијак, додека Лита-Зот се снаоѓа во позицијата на командантка која е заљубена во Сег.