сезона: 11
Содржина
Џон Оливер, еден од најсмешните и најсвежи водители што се појавиле на телевизиската сцена последниве години, човекот чие гостување во 2013 г. на „Секојдневното шоу со Џон Стјуарт му донесе одлична критика, обожаватели, меѓу кои е и самиот Стјуарт, пристигнува на ХБО со сосема ново разговорно шоу. Во него ќе се прави неделна анализа на вестите, политиката и моменталните настани. Ова получасновно шоу на Оливер ќе му даде единствена платформа на која ќе може да ги понуди својата перспектива и својот уникатен стил за различни општествени, политички или егзистенцијални проблеми со кои се соочуваат Америка и светот.