сезона: 2
Содржина
Во огромниот природен резерват во Канада, загубен среде непрегледната дивина, се наоѓа мал рај на човечката цивилизација: куќата на шумарот. Во очите на животните 100 км околу, тоа е Ел Дорадо. Наоѓајќи се на врвот на синџирот на исхраната, мечката Гризи чувствува дека е природно куќата на шумарот да стане негова територија веднаш штом сопственикот не е таму. Кога ќе влезе низ вратата, тој се однесува како да е дома и смета дека тоа е неговиот “вистински“ дом. Природно, ниту едно друго животно не се осмелува да ја предизвика таа “мечкина привилегија“. Така е со сите животни, освен со едно: племе кое им припаѓа на најнеопасните, глупави и урнебесни цицачи што постојат – леминзите – кои исто така се вселуваат во куќата штом шумарот ќе замине.