сезона: 3
Содржина
Земете го својот меч од тоалетна хартија и следете ги најдобрите другари Крег, Џеј-Пи и Келси додека го истражуваат потокот во својот крај – безграничен детски свет преполн со живописни ликови кои секој ден одат во нова авантура.
Крег и неговите двајца најдобри другари, Келси и Џеј-Пи, секогаш одат во авантури во нескротената приградска дивина позната како Потокот – детска утопија во којашто детски племиња владеат со тврдините од дрвја и велосипедските препреки, создавајќи така едно цело детско општество. Секоја епизода ги прикажува децата како одат во авантура во неистражените области на Потокот, се среќаваат други деца, или едноставно упаѓаат во неволја во своето место за дружење – во Пенушката.