сезона: 5
Содржина
Документаристички поглед во дневните (односно, ноќните) животи на тројца вампири кои се цимери и живеат на Статен Ајленд. Вампирите се обидуваат да планираат крвава забава во чест на посетата на нивниот древен господар од Стариот крај.
„Што правиме во сенките“ е документаристички поглед во дневните (односно, ноќните) животи на тројца вампири кои “живеат“ заедно стотици години во Статен Ајленд. Самоназначениот водач на групата е “Нандор Немилосрдниот“, голем воин и освојувач од Отоманската Империја. Потоа тука е британскиот вампир “Ласло“ – немирен, денди и внимава на облекувањето. И потоа тука е “Надја“: заводничка, еден вид вампирска Бони на Ласловиот Клајд. После една неочекувана посета од нивниот мрачен господар и водач, “Баронот Афанас“, вампирите се потсетени на нивната првобитна задача кога дошле на Статен Ајленд пред повеќе од сто години – целосна и комплетна доминација врз Новиот свет. Но кој е точно најдобриот начин да се постигне таа доминација?