сезона: 2
Содржина
Три години по таинственото исчезнување на Бетмен, Готам е град во очај. Без јунакот во наметка, полицијата на Готам е совладана од криминалните банди. Тука доаѓаат Џејкоб и Кејн и неговото приватно обезбедување што го штити градот. Пред повеќе години, првата сопруга на Џејкоб и неговата ќерка биле убиени во една престрелка во Готам. Тој ја испратил својата единствена преживеана ќерка, Кејт Кејн, подалеку од Готам за таа да биде безбедна. Откако е избркана од военото училиште и по повеќе години поминати во брутална обука за преживување, Кејт се враќа дома кога нејзиниот татко и неговата фирма за обезбедување се цел на бандата наречена „Алиса во Земјата на чудата“ која ја киднапира неговата офицерка Софи Мур. За да им помогне на своето семејство и на градот, Кејт ќе мора да се претвори во најомразената работа на татко ѝ, во мрачен одметник. Со помош на нејзината полусестра, Мери и вештиот Лук Фокс, синот на технолошкиот гениј на „Вејн Ентерпрајзез“, Лушс Фокс, Кејт Кејн го продолжува наследството на нејзиниот исчезнат братучед Брус Вејн, во ликот на Бетвуман.