сезона: 2
Содржина
Најдобрите пријатели Оскар и Ешка мораат да ја соберат сета сила за да се справат со мистериите и чудата на магичниот камп. Магичниот летен камп е најдобрата дестинација за децата! Во него ги има сите омилени активности, од мали езерца за капење и софтбол игри, па до штали за еднорози и пижами што зборуваат! Далеку до своите родители, двајцата пријатели мора да ја соберат сета своја храброст за да можат да се справат со мистериите и чудата на овој магичен камп каде што советници се вештерки, коњите стануваат еднорози, а чудовиштата живеат под креветот. Другите кампови не нудат можност да се плива во базен со ајкула што зборува, да се влезе во друг универзум од под креветот, или да се склучи пријателство со месечината, но во Магичниот летен камп, сешто може да се случи.